Фудбалерите на Холандија и Јапонија одиграа без победник 2-2 во премиерниот меч за двете репрезентации како дел од Ф групата на Светското првенство кое што се игра во САД, Канада и Мексико.
Двете репрезентации го одиграа најслабото прво полувреме досега на шампионатот. А, се почна одлично. Холандија ја имаше првата шанса по само три минути игра кога Мален убаво биеше, но неговиот удар го одбрани голманот на Јапонците Зајон Сузуки. Јапонците за првпат се заканија кон голот на Холанѓаните дури во 44. минута кога Накамура биеше покрај голот на Вербруген.
Холанѓаните успеаја да ја затресат мрежата на противникот по првата шанса во вториот дел. Одличниот центаршут на Гравенберх го материјализираше неговиот соиграч од Ливерпул, Вирџил ван Дајк за водство од 1-0 во 51. минута.
Netherlands [1] – 0 Japan – V. van Dijk 51'
byu/gbogaz insoccer
Јапонците брзо успеаја да се вратат во игра со голот на Накамура во 57. минута (1-1). Се доведува во прашање дали голот на Јапонците беше регуларен бидејќи еден од неговиот соиграчи беше во линијата на топката која влезе во голот на Вербруген.
Netherlands 1 – [1] Japan – K. Nakamura 57'
byu/gbogaz insoccer
„Лалињата“ успеаја да стигнат до ново водство 2-1 со голот на Самервил во 64. минута. Јапонија успеа да стигне до бод (2-2) откако по еден корнер во 89. минута Камада стрелаше со глава, а неговиот удар се одби од Огава и заврши во голот на Вербруген.
Netherlands 2 – [2] Japan – K. Ogawa 89'
byu/gbogaz insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
