Хрват станува селектор на Србија во ракомет?

Српската Ракометна Федерација почнала преговори со хрватски стратег за да застане на кормилото на машката репрезентација на оваа земја. Поранешниот селектор Јовица Цветковиќ си замина по ЕП 2018 по големиот конфликт со ракометарите, во меѓувреме на пријателските средби националната селекција ја водеше селекторот на жените Љубомир Обрадовиќ, а сега како најсериозен кандидат за нов селектор се наведува Хрватот Ненад Кљајиќ.

Поранешниот хрватски репрезентативец, кој стана и олимписки првак во Атланта во 1996 година, неодамна си замина од селекторската функција во Саудиска Арабија, а по враќањето во татковината со него стапиле во контакт челниците на Српската Ракометна Федерација.

„Имав неформални разговори со српската федерација. Мислам дека оваа селекција поседува голем потенцијал и може да оствари врвен резултат. Сепак, никој не е сигурен како Србите ќе прифатат Хрват на една ваква одговорна функција“ – изјави Кљајиќ.

Се вчитува...