Хрвати сакале да го тепаат Кирјос: „Ми се закануваа, тенисот е нежен спорт“

Австралискиот тенисер Ник Кирјос во тандем со Танас Кокинакис, сензационално од турнирот во Мелбурн го елиминираше најдобриот дубл на светот, Никола Мектиќ и Мате Павиќ од Хрватска.

Неколку часа подоцна Австралиецот ја информираше јавноста за скандал кој се случувал во соблекувалната.

„Само да ве инфомирам дека тренерот и кондицискиот тренер на моите противници се закануваат дека ќе ме тепаат. Тенисот е нежен спорт. Тоа е се поради тоа што ги гажав со топки“, рече Кирјос.

„Тоа беше лудо. Човекот мислеше дека се работи за УФЦ“, изјави неговиот соиграч Кокинакис.

Сепак, вратија и од другиот табор…

„Тие се такви, навикнавме. Но, не би било проблем да покажат малку почит“, рече Павиќ после мечот.

Се вчитува...