Хрватите бесни – Франција прокоцка плус три и ја испрати Португалија на ЛОИ

Репрезентацијата на Франција загуби од  Португалија со 28-29 во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Летните олимписки игри во Токио.

Хрватите може да бидат бесни, бидејќи Французите во последтние пет минути прокоцкаа плус три, а на 20 секунди имаа напад за победа кој го одиграа катастрофално и им дозволија на Португалците од контра напад да дојдат до конечна победа.

Хрватска на крајот како и Словенија остана без настап на ЛОИ и по подолго време Балканот ќе нема свој претставник на Олимписки игри.

Се вчитува...