Хрватите направиле хаос во Атина: Убиен навивач на АЕК

Иако им беше забрането да дојдат во Атина на натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите во кој АЕК го пречекува Динамо, навивачите на загрепскиот клуб стигнаа Во Грција и направија серија инциденти во Неа Филаделфија, крајот каде што се наоѓа стадионот „Аја Софија“.

Според грчките медиуми, околу 200 навивачи на Динамо дошле на стадионот „Аја Софија“ каде што треба да се одигра натпреварот меѓу АЕК и Динамо. Кога пристигнале на стадионот кршеле предмети, удирале луѓе, а имало дури и сериозни инциденти и повредени лица, а според последните информации едно лице починало откако било прободено со остар предмет.

Грчките медиуми јавуваат дека брзата помош го префрлила младиот човек во болница, каде лекарите се бореле да му го спасат животот. Тој беше придружуван од неколку повредени навивачи, додека шестмина од нив „во очај, држејќи се за лицата и постојано разговараа на мобилните телефони“ чекаа да видат што ќе се случи со членот на нивната група.

 

Се вчитува...