Хрватите не можат да преболат: Франција како да не сакаше да даде гол…

Хрватските ракометари на чело со селекторот Хрвоје Хорват се уште се во шок по неверојатната завршница на клучниот меч меѓу Португалија и Франција во Монпелје, на кој „триколорите“ имаа водство од еден гол во последната минута, но Португалците направија супердраматичен пресврт и стигнаа до победа со која си обезбедија премиерно учество на ОИ.

На Хрватите им беше доволно и реми на овој меч за да ја завршат групата пред Португалија, па „коцкестите“ сега отворено се сомневаат на нечисти игри од страна на француските ракометари, кои без оглед на исходот на овој меч веќе беа имаа во џебот виза за Токио.

„Не знаеме што да кажеме, сите сме во шок. Треба да се погледне снимката од таа завршница, Франција како да не сакаше да даде гол. Треба добро да се изанализира, дали не можеа, или не сакаа да потигнат погодок“, изјави селекторот Хрвоје Хорват.

Се вчитува...