Хрватите пред Јапонија тренираат „јапонски манири“

Хрватските ракометари во првото коло на СП на терен го „исчистија“ Исланд, а потоа ја исчистија и соблекувалната во „Олимпикхале“ во Минхен. Утре Хрватска ја очекува дуелот со Јапонија, па „коцкестите“ решија да „тренираат“ и малку по јапонски

Избраниците на Лино Червар, воодушевија со својата борбеност во завршницата од дуелот со Исланд, а потоа добија честитки и беспрекорно чистата соблекувална што ја оставија зад себе. Некои од тиот се пофалија со фотографија на социјалните мрежи.

„Ма какви Јапонци, погледнете каква соблекувална оставивме ние“

Трендот на спортистите да ја чистата соблекувалната зад себе го поставија токму Јапнците, но не ракометарите, туку фудбалерите. За време на ланското СП во Русија, јапонските фудбалери зад себе оставаа беспрекорно чиста соблекувална.

Оваа јапонска навика сега очигледно станува тренд и меѓу ракометарите, а кој ќе биде прв со воведување на новината ако не тимот што го предводи Лино Червар.

Се вчитува...