Хрватите со громогласен аплауз ги поздравија Чорлука, Манџукиќ и Субашиќ

Хрватска и Шпанија на „,Максимир“ го играат мечот од Лигата на нации, а пред почетокот на дуелот имаше и свечен момент. Претседателот на ХНС, Давор Шукер, им се заблагодари на тројца досегашни репрезентативци за придонесот во националниот тим. Манџукиќ, Чорлука и Субашиќ добија специјални дресови со броевите на нивните настапи за хрватската фудбалска селекција.

Чорлука има 103, Манџукиќ 89, а Субашиќ на 44 натпревари го бранеше голот на „коцкестите“. Повеќе од 30.000 гледачи на „Максимир“ ги поздравија со громогласен аплауз „сребрените момци“ од последниот Мундијал во Русија.

Се вчитува...