Хрватот Чориќ е избран за „кам-бек“ тенисер на годината

Хрватскиот тенисер Борна Чориќ е добитник на наградата „кам-бек“ тенисер на годината на АТП бидејќи се искачи од 278. на моменталното 26. место на АТП-листата во 2022 година. Во 2021 година, Чориќ се здоби со сериозна повреда на десното рамо, поради која мораше да замине на операција.

Успешната година кулминираше со освојување на АТП Мастерс 1000 турнирот во Синсинати, каде Хрватот славеше над Рафаел Надал, Феликс Оже Алиасим и Стефанос Циципас.

„Многу сум среќен што ја освоив оваа награда. Многу ми значи, исто како и целата оваа успешна година што се случи по сите проблеми низ кои морав да поминам. Можам само да се надевам дека следната година ќе биде уште поуспешна“, изјави Чориќ. 

Хрватот во борбата за камбек играч на годината ги победи Австриецот Доминик Тием, Швајцарецот Стен Вавринка и Кинезот Ву Јибинг.

Се вчитува...