Хрватот Јунаковиќ – ново име во Охрид

Раководството на Охрид реши да ги засили редовите со уште еден кошаркар, ангажирајќи го хрватскиот интернационалец Мартин Јунаковиќ.

Станува збор за 23-годишен кошаркар (186 сантиметри, 88 килограми), кој во младинските категории им настапувано за Цедевита и Цибона, а во првиот дел од сезонава беше дел од тимот на Загреб.

Поранешниот младински репрезентативец на Хрватска би можел да дебитира во дресот на Охрид веќе в четврток, на дуелот со Борац Чачак во втората АБА-лига, доколку охриѓани во меѓувреме ја комплетираат документацијата за негова регистрација за настап во регионалното натпреварување.

Се вчитува...