Хрватот Перица во македонски дрес ги провоцираше Италијанците: „Загубивте од нас а сакате на Мундијал?“ (ВИДЕО)

Хрватскиот инфлуенсер и забавувач Перица низ уште една своја епизода, овој пат, среде Торино ги провоцираше Италијанците во македонски дрес.

Перица се одлучи во македонски дрес да ги провоцира Италијанците за оној пораз во Палермо од Македонија во полуфиналето од баражот за Светското првенство, по кој актуелниот европски шампион ќе мора да го пропушти Мундијалот во Катар. Иако, Италија до последно се надеваше дека ќе добие некаква можност, сепак, да учествува на СП 2022.

„Господине извинете… Дали мислите дека Италија заслужува да биде на Светско првенство?“ – влетува Перица со прашање на случаен минувач кој како од топ му одговара дека „секако не заслужиле затоа што лошо играле“.

Низ шеговита нишка на дејствување Перица наоѓа нови „жртви“…

„Дали италијанските репрезентативци заслужија да загубат од нашата репрезентација (Македонија)“ – прашува Перица, а минувачот со одговор дека „заслужено загубиле“.

Со друг Италијанец, пак, наидува на јазична бариера, но секако успева да се разбере на крај дека Македонија си ја заслужи победата, а Италија никако не заслужува да се најде во Катар…

Се вчитува...