Хрватска без проблеми против Бахреин, Србија со фуризно второ полувреме до победа против Холандија

Хрватска стигна до третата победа во втората фаза од Светското првенство откако славеше против Бахреин со 43-32. „Коцкесите“ се мачеа во првото полувреме во кое имаа и негатива од по еден поен, но успеаја да го најдат својот ритам во финишот за предност од 17-16, а продолжија да го диктираат темпото и во вторите 20. минути во кои стигнаа до двоцифрена предност.


Standings provided by Sofascore

На победа се радуваше и Србија која ја совлада Холандија со 32-30. Доброто отварање на натпреварот на Холанѓаните им донесе предноста која умешно ја одржуваа за 15-17 по 30. минути игра, но Србите преку добрата одбрана успеаја да стигнат до целосен пресврт во второто полувреме.

Србија изедначи, а и по играта „гол за гол“, пресуди серијата од 3-0 при самата завршница кога „орлите“ стигнаа до предност од 32-29.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...