Хрватска го зеде скалпот на Србите во ватерполо

Хрватска приреди огромно изненадување во полуфиналето од СП во ватерполо успевајќи да го совлада актуелниот светски и олимписки првак Србија со 12-11.

Хрватските „баракуди“ цели седум години немаа триумф над големиот ривал, од кого загубија во финалето од ОИ во Рио, но овојпат „коцкестите“ одговорија на предизвикот и во фантастичен меч славеа со 12-11. Србија имаше предност во поголемиот дел од средбата, Хрватите првпат поведоа кон средината на последниот период со 11-10, досегашните шампиони израмнија на 11-11 преку Мандиќ, за победничкиот гол да го постигне Јоковиќ, за еуфорија меѓу хрватските фанови во Будимпешта.

„Коцкестите“ во финалето за противник ќе го имаат домаќинот Унгарија, откако оваа селекција во првото полуфинале славеше над Грција со резултат 7-5.

Се вчитува...