Хрватска ја „здрма“ Германија и обезбеди виза за Олимписките игри во Париз!

Ракометарите на Хрватска обезбедија пласман на Летните олимписки игри 2024 во Париз, откако на квалификацискиот турнир во Хановер, славеа против домаќинот Германија со 30-33.

Хрватите, под водство на новиот селектор, Исланѓанецот Дагур Сигурдсон, кој е прв странец селектор на „коцкестите“ во историјата, тотално ја надиграа фаворизираната Германија и заслужено слават пласман во Париз.

Во првото коло Хрватска ја победи и Австрија па сега со сигурност има место во Париз, а Германците токму против Австрија во последното коло ќе бркаат пласман на Летните олимписки игри оваа година.

Се вчитува...