Хрватска на конкурс ќе бира нов селектор, Обрван најсериозен кандидат

Ракометната репрезентација на Хрватска во април треба да добие нов селектор што ќе го наследи Лино Червар на клупата. Иако во конкуренција се десетина тренерски имиња, според хрватските медиуми, најсериозен кандидат што ги исполнува сите професионални критериуми е поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван.

На Лино Червар кој се уште е и актуелен тренер на Металург во април му истекува едногодишниот селекторски договор, а по неуспехот на „домашното“ ЕП на кое Хрватска заврши на 5.место, Хрватската ракометен сојуз (ХРС) ќе бара ново решение за селекторската функција.Извршниот потпретседател на ХРС, Зоран Гобац, најави дека ќе биде распишан конкурс по кој ќе се бира новиот селектор.

Во хрватските медиуми веќе кружат имиња на потенцијалите кандидати за наследник на Червар на хрватската клупа. Не се исклучува ни можноста Лино Червар повторно да се кадидира за хрватската клупа како еден од шестмината хрватски тренери со задолжителната ЕХФ Мастер лиценца. Но, според критериумите што ги бара ХРС, најблиску е Обрван кој според „Спортске новости“,  „работи на врвно ниво како ниеден друг хрватски тренер во овој момент“.

Обрван беше селектор на Македонија од 2013 до април 2016 година, а во изминатите четири години го предводи францускиот Шамбери.

Се вчитува...