На денешен ден пред точно 26 години, во сообраќајна несреќа кај Инголштад во Германија, загина еден од најголемите кошаркари од просторот на поранешна Југославија, Дражен Петровиќ.
На 7. јуни 1993. година Петровиќ загина враќајќи се од квалификацискиот турнир за Европското првенство 1993. година. Тој беше во автомобилот заедно со својата девојка која беше зад воланот, а патот им го пресече камион, по што „голфот“ во кој беше Петровиќ излета од автопатот. Телото на кошаркарскиот „моцарт“ се наоѓа на гробиштата Мирогој во Загреб.
Дражен Петровиќ кариерата ја почна во Шибенка. Четири години беше во Цибона со која двапати беше шампион на Европа, а потоа преку Реал Мадрид стигна и до НБА лигата каде по две сезони играше во Портланд и Њуџерси.
Со репрезентацијата на Југославија ја освои бронзата на Олимписките игри во Лос Анџелес и сребро во Сеул. 1989. го освои Европското првенство во Загреб, а една година подоцна и светското злато во Аргентина. Со Хрватска 1992. година беше сребрен на игрите во Барселона, каде во финалето Хрватска беше поразена од „дрим-тимот“ на САД.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА