Два квалификациски прозорци им беа доволно на селекциите на Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина за да го осигураат своето место на престојното Европско првенство.
Селекцијата на Хрватска во рамките на групата „Д“ одигра перфектно на „балонот“ во Истанбул, при што забележа победи над Турција (79-62) и Шведска (72-87), кои надополнети со двете победи од првиот квалификациски прозорец беа доволни за место меѓу најдобрите во Европа.
По истите стапки заминаа и Словенија и БиХ. Словенците беа домаќините на „балонот“ во рамките на групата „Ф“ и со победите над Украина (84-73) и Австрија (64-77) се искачија на врвот на табелата со скор 3-1, доволен за пласман на ЕП. Ист скор на победи и порази има и репрезентацијата на Босна и Херцеговина која со триумфите над Бугарија (88-49) и Латвија (79-73) се искачи на второто место во групата „Х“.
На овие репрезентации им преостануваат само формалностите на натпреварите во рамките на третиот прозорец кој ќе се одржи во февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА