Хрватска владее со светското ватерполо

Хрватска е новиот светски првак во ватерполо откако вечерва во големото финале ја совлада Унгарија со конечни 8-6. Златото на хрватските „баракуди“ е апсолутно заслужено, откако оваа селекција во полуфиналето го совлада бранителот на трофејот Србија, за денеска да слави и против домашната селекција на овој мундијал.

Хрватите извонредно го почнаа финалето, добивајќи ја првата четвртина со резултат 4-0. Сепак, потоа унгарската одбрана почна да функционира беспрекорно, „баракудите“ цели 11 минути беа без постигнат погодок, па домаќините стигнаа до 4-4. Чави Гарсија беше човекот на одлука, постигнувајќи два гола во серија за водство од 6-4, предност што Хрватите ја одржаа до самиот крај, до конечните 8-6. За Хрватска ова е прво злато по пауза од десет години, откако стигна до истиот успех во 2007 година во Мелбурн.

Најзаслужен за големата победа е голманот Бијач, кој со бројни извонредни интервенции ги откажа Унгарците во вечерашната битка за златото.

Се вчитува...