Хрватската јавност повторно му се поклонува на Иван Чупиќ – „Како Чупко да кажа… „Дечки извинете, но јас сакам во Токио“ (ФОТО)

Иван Чупиќ одигра неверојатен натпревар во победата на Хрватска над Португалија од 26-25 во квалификациите за пласман на ЛОИ во Токио. Хрватските медиуми се полни со пофалби за „вардарецот“ кој со 9 од 9 беше главен виновник за трилер победата на „коцкестите“.

За да обезбедат пласман во Токио, Хрватите утре ќе мора да триумфираат против Тунис во последното коло.

Новинар на хрватскиот „24сата“ веднаш по натпреварот напиша коментар насловен „Како Чупко да кажа „Дечки извинете, но јас сакам во Токио“. Со што уште еднаш му се поклонија на големиот мајстор, кој засекогаш ќе биде запишан во историјата и на македонскиот клупски ракомет, бидејќи го даде голот со кој Вардар во 2017 година ја освои првата титула во Лигата на шампионите.

Се вчитува...