Хрватски „џин“ во Аеродром: Рикиќ потпиша за МЗТ

МЗТ Скопје осигура големо засилување за центарската позиција откако постигна договор со Роберт Рикиќ, хрватскиот интернационалец кој вториот дел од минатата сезона играше во одлична форма во дресот на Еуро Никел.

Токму тој беше меѓу најзаслужните што кваадарчани стигнаа до финалето во плејофот, каде беа поразени од МЗТ Скопје. „Металците“ прават ремонт во играчкиот кадар, од високите кошаркари веќе си заминаа Олуџоби и Бојиќ, отворајќи доволно простор за доаѓањето на Рикиќ.

Трансферот на Хрватот што ЕКИПА го најави уште пред повеќе од еден месец денеска официјално го потврди и неговата менаџерска агенција. За разлика од Рикиќ, преговорите со Ливингстон од Куманово не завршија успешно поради нереалните барања на американскиот бек.

Се вчитува...