Хрватски нокаут за Аргентинците

Хрватска ја декласира фаворизираната репрезентација на Аргентина со 3-0 и ја испрати на работ на амбисот во групата Д. Ниту Лионел Меси, ниту неговите соиграчи не се видоа на стадионот во Нижњи Новгород, а селекцијата на Златко Далиќ делуваше беспрекорно и тактички, и физички, комплетно надигрувајќи ги „гаучосите“.

Хрватите се веќе во осминафиналето, а доколку Исланд во последното коло од групниот сегмент ги совлада „коцкестите“, тогаш Аргентина и дефинитивно ќе си замине дома, веќе по првата фаза од Мундијалот.

Анте Ребиќ во 50.минута го отвори резултатот по големата грешка на аргентинскиот голман Вили Кабалјеро, Лука Модриќ зголеми на 2-0 во 80.минута со прекрасен погодок, а Аргентина ја докрајќи Иван Ракитиќ со голот во судиското продолжение од мечот.

Се вчитува...