Хрватскиот селектор жали: Што ли ќе беше ако финалето се играше во Загреб…

Дагур Сигурдсон беше критикуван по доаѓањето на чело на хрватската репрезентација, но одличниот стратег максимално ги оправда очекувањата, најпрвин носејќи билет за ОИ во Париз како увертира за маестралното издание на СП 2025 во кое „коцкестите“ стигнаа до големото финале.

Во мечот за златото во Осло неговите избраници беа немоќни пред Данска, а Сигурдсон изрази жалење што овој последен мундијалски меч не се играше во Загреб, каде „коцкестите“ во последните денови ги совладаа Унгарија и Франција.

„Секако дека сме разочарани, сакавме подолго да го држиме мечот во резултатска неизвесност, но не усепавме. Беше голема борба, дадовме се од себе, но среќата не беше на наша страга. Што ли ќе беше ако овој меч се играше во Загреб, сигурно ќе беше интересно. Честитки до селекцијата на Данска, тоа е неверојатна екипа како што покажува и резултатот. Ние нема да се предадеме, ќе се обидеме да бидеме уште подобри кога следниот пат ќе се сретнеме со нив“, порача Дагур Сигурдсон.

Се вчитува...