Лацио се заканува со повлекување од лигата

Заканите со отстапување од лигата досега ги слушавме од клубовите во Македонија и регионот, но сега такво нешто се случува во Италија, и тоа од римскиот гигант Лацио.

Имено, раководството на „лацијалите“ е бесно на судиските одлуки во текот на целата сезона, а целата ситуација кулминираше на синоќешниот дуел со Торино, на кој најпрвин не беше досуден пенал за римскиот клуб, за веднаш потоа да му биде покажан и црвен картон на најдобриот фудбалер на Лацио, Чиро Имобиле.

Ова е политичка кампања против нашиот клуб. Не можеме да седиме и да молчиме, ако мора ќе истапиме и од лигата, но на неправдите мора да им дојде крајот“ – истакнува претседателот Лотито, пренесуваат неколку италијански медиуми.

Тешко е да се поверува дека контроверзниот претседател ќе се реши на ваков чекор, но во секој случај интересно е кога италијански газди ќе почнаат да покажуваат „балкански манири“ во спортот.

Се вчитува...