Хуан Бернат ги скина лигаментите на коленото, ќе паузира најмалку шест месеци

Се остварија црните прогнози за повредата на шпанскиот интернационалец Хуан Бернат. По деталните лекарски прегледи констатирано е дека левиот бек на Пари Сен Жермен ги скинал предните вкрстени лигаменти на левото колено и го очекува долга пауза. Ќе следи хируршки зафат, а потоа и рехабилитациски процес од најмалку шест месеци пред негово враќање на терените.

Бернат влезе како резерва на синоќешниот меч меѓу ПСЖ и Мец и набрзо се повреди. Мораше да ја напушти средбата, а „светците“ до крајот играа со деветмина фудбалери и на крајот сепак успеаја да победат со 1-0, со голот на Џулијан Дракслер во судиското продолжение.

Се вчитува...