Луис Суарез првпат беше стартер во тимот на Атлетико Мадрид, но не успеа да го пробие бедемот на Хуеска. Тоа не му успеа ниту на Диего Коста кој го замени Суарез во второто полувреме, па тимот на Диего Симеоне мораше да се задоволи со еден бод во ремито без голови. Маркос Љоренте, Жоао Феликс и Коке имаа убави шанси, но не беа прецизни.
Вилјареал го совлада Алавес со 3-1. Пако Алкасер беше двоен стрелец за „жолтата подморница“, а Жерар Морено погоди од пенал. Единствениот гол за Алавес беше дело на Едгар Мендез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА