Хуманата душа на Роналдо: Момчето чие школување го финансираше, стана професионален фудбалер

Мартунис од Индонезија беше седумгодишно момче кога во 2004 година неговото семејство едвај преживеа, но загуби речиси се по жестокиот удар на цунами. Загинаа повеќе од 230.000 луѓе, а Мартунис беше меѓу стреќниците кои останаа живи. Португалскиот ас Кристијано Роналдо донираше големи средства како помош, а одлучи да го помогне школувањето на Мартунис. Стана негов ментор и го помагаше неговиот развој.

Мартунис речиси идентично како и Роналдо во својата младост, постојано се дружеше со топката, имаше желба да стане професионален фудбалер. И сега желбата му се исполни. Тој потпиша професионален договор со Спортинг Лисабон.

Во 2015 година, скаутите на Спортинг ги забележале фудналските квалитети на Мартунис, и тој пристигнал во младинската академија на клубот. Четири години подоцна веќе е професионален фудбалер. Хуманитарната душа на Кристијано Роналдо го изведе на вистински пат малиот Мартунис.

Се вчитува...