Хумелс е решение за проблемот на Манчестер Јунајтед

Челси прв покажа интерес за Матс Хумелс, но откако Баерн Минхен ја постави цената на скромни 35 милиони евра сега уште неколку англиски премиерлигаши се вклучија во трката по германскиот репрезентативец, кој до пред две години се вбројуваше меѓу најдобрите светски дефанзивци.

Во преден план се истакнува Манчестер јунајтед, кој има очигледен проблем со одбраната за кој Хумелс би бил идеално решение. Сумата што Баерн ја бара не е никаков проблем за „ѓаволите“, кои се подготвени да му понудат и поголема плата на самиот фудбалер во однос на Челси и Тотенхем, кои исто така се заинтересирани за Германецот.

Проблем е само децидниот став на Баерн – оваа сума важи за летниот преоден рок, бидејќи баварскиот гигант нема да му дозволи на Хумелс да си замине од „Алијанц арена“ среде сезона. Ова значи дека премиерлигашите ќе мораат да договараат трансфер за јули, а во меѓувреме да се снаоѓаат без помошта на Хумелс.

Се вчитува...