Неверојатна случка го одбележа мечот меѓу Колумбија и Узбекистан, на кој најдобриот узбекистански фудбалер Хусанов повреди – камерман крај аут-линијата…
Луис Дијаз тргна во спринт крај аут-линијата, Хусанов се обиде да го спречи, но Узбекистанецот залетан најпрвин го фаулираше противникот (за што доби картон), а потоа го собра и камерманот кој се наоѓаше во непосредна близина.
Дијаз продолжи и постигна гол и асистенција на натпреварот, но камерманот дефинитивно мина полошо, мораше да му биде укажана помош во амбулантно возило, а по мечот беше пренесен и во болница, на детални прегледи…
Khusanov ran over a camera man 😭😭 pic.twitter.com/PGnqOHLLQW
— 𝐄𝐑 (@ErlingRoIe) June 18, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
