Хувентуд настрада, но Димитријевиќ го има потегот на натпреварот (видео)

Хувентуд неочекувано лесно и убедливо загуби на домашен терен од Гран Канарија со 84-103, дуел на кој Ненад Димитријевиќ и неговите соиграчи беа далеку од посакуваното ниво.

Македонскиот репрезентативец сепак го имаше најдобриот потег на натпреварот, кога влезе во противничкиот рекет, со телото заврши зад таблата, но сепак најде начин да положи и да ја смести топката низ обрачот.

Уште една од бројните мајстории на Димитријевиќ на шпанската кошаркарска сцена, во последната сезона што Македонецот ја игра во дресот на Хувентуд.

Се вчитува...