И Адеми конкурира за првиот тим против Гибралтар: Го одработи комплетниот тренинг на „Филип Втори“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалерот од средниот ред на Динамо Загреб, Аријан Адеми поради здравствени проблеми во последен момент отпадна од комбинација за настап на натпреварот во Вадуц против Лихтенштајн пред два дена.

Но, како што информираат од македонскиот стручен штаб, Адеми комплетно се врати во репрезентативниот строј и дефинитивно ќе конкурира за настап и во првиот тим на селекцијата за утрешниот натпревар против Гибралтар во Скопје.

Адеми го одработи и комплетниот тренинг на националниот тим денеска на арената „Филип Втори“, кој е последен во пресрет на утрешниот натпревар. Капитенот на Динамо Загреб дефинитивно, по отсуствата на Горан Пандев и Стефан Спировски, треба да биде од голема помош за средниот репрезентативен ред во желбата за триумфален крај на групната фаза од Лигата на нациите и освојување на првото место кое не носи во Лига Ц за следниот циклус во ова натпреварување…

 

Се вчитува...