И Алмерија и одзема бодови на Валенсија на „Месталја“

Сезоната за заборав продолжува за Валенсија и по 18. коло во Ла Лига во кое тимот предводен од Џенаро Гатузо освои само бод против Алмерија ремизирајќи со 2-2 во меч во кој сите голови беа постигнати во второто полувреме.

Рамазани имаше шанса да ги доведе гостите во водство во 44. минута, но не успеа да реализира од белата точка па резултатот 0-0 остана на семафорот по првото полувреме.

Голеадата започна во 48. минута кога стрелаше Клуиверт, но само шест минути подоцна Чуми изедначи на 1-1. Гаја ја доведе Валенсија во ново водство во 65. минута, но предноста овој пат траеше само девет минути бидејќи во 74. минута Портило изендачи на 2-2.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...