Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев останува верен на англискиот гигант Арсенал најмалку уште две години, до јуни 2020 година, со можност за продолжување на договор на уште плус две години.
И Арсенал денеска официјално потврди за потпишувањето на новиот договор со Илиев кој и дефинитивно останува на „Емиратите“. Како што и претходно објавивме, по неколкудневни преговори на почетокот од овој месец, Дени Илиев се договори за останување во Арсенал на инсистирање и на новиот менаџер Унаи Емери. Договор кој беше постигнат на 12. јуни. Денеска, само потврден од „топчиите“.
Ова е најголемиот трансфер на еден македонски фудбалер во историјата на една од најсилните европски лиги. 23-годишниот Илиев ќе биде првиот Македонец со професионален договор со англиски гигант како што е Арсенал!
Како што информираат од клубот, утре е официјалното потпишување на новиот договор а на 1. јули ќе има и ново официјално добредојде за Илиев во добро познатата средина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА