И Бензема се огласи за „случајот – озборување“: Кучињата лаат…

И Карим Бензема се огласи по објавените видео-снимки во кои е „фатен“ како со Ферланд Менди го озборуваат Винициус.

Бензема му кажува на Менди да го игнорира Винициус во фаза на нападот и топката да ја додава само кон него.

„Прави што си сака. Брате, играј на мене. Се колнам, тој игра против нас“ – му вели Бензема на Менди.

И, на мечот против Борусија Менхенгладбах, Менди навистина го намали бројот на упатени топки кон Бразилецот, а Бензема немаше ниту едно додавање кон Винициус.

 

По жестоките критики од јавноста кои ги доби на своја адреса, се огласи и Бензема кој на Инстаграм со прославата на голот испрати порака.

„Додека кучињата лаат, деветката минува“ – напиша кратко Бензема.

Се вчитува...