И без Тричковски во квалификациските дуели со Полска и со Австрија во јуни

Македонската репрезентација и тоа како ќе биде сериозно ослабена за јунските квалификациски натпревари против Полска и против Австрија во Скопје.

По Стефан Спировски, Езгијан Алиоски и најверојатно Дарко Велковски кој е надвор од тимот на Ријека поради повреда, сега и Иван Тричковски нема да биде на располагање на селекторот Игор Ангеловски.

За Тричковски, според информациите од Кипар, е завршена сезоната откако изминативе денови од лекарскиот тим на АЕК Ларнака е констатирано дека има напукнати ребра поради што мора да паузира најмалку еден месец.

Македонскиот напаѓач, поради повредата, не беше во составот на АЕК Ларнака и на денешниот дуел во кипарското првенство против Неа Саламина кој заврши без победник, 1-1.

Се вчитува...