И Брозовиќ заминува во Саудиска Арабија?

Како што пренесува Фабрицио Романо, Марсело Брозовиќ е најновиот играч на мета на саудиските клубови. Имиња не се споменуваат, а Романо додава дека разговорите само што почнале, тие се во рана фаза.

Играчот за врска на Интер и на хрватската репрезентација беше во комбинации за преселба во Барселона, што се уште не е затворена опција.

Иако има договор со Интер до крајот на јуни 2026 година, сосема е можно Брозовиќ летово да ја смени средината. За седумте години поминати во тој клуб одигра 330 натпревари во сите натпреварувања, а во финалето во Лигата на шампионите против Манчестер Сити беше капитен.

Се вчитува...