И Червар како дефанзивец: Си држеше противнички играч, судиите ‘замижаа’… (ВИДЕО)

Селекторот на Хрватска, Лино Червар имаше неспортски потег во финишот на синоќешниот натпревар против Белорусија токму во моментите кога се одлучуваше победникот.

Во последниот напад на Белорусите, на осум секунди пред крајот Червар со раце го задржа противничкиот ракометар Артур Краватски кој се најде непосредно до аут линијата… Но, судиите не успеаја да го забележат овој потег на хрватскиот селекторот. Во продолжение, Белорусите направија прекршок во напад, а Хрватите погодија за победа од 25-23…

Се вчитува...