И човекот што го мрази застана на страна на Ѓоковиќ: Забораваме колку овој господин нас ни помогна

Се уште не се знае каков ќе биде крајот на „сапуницата“ Новак Ѓоковиќ и неговиот влез во Австралија. Србинот во моментов не смее да влезе во земјата, а конечната одлука околу неговиот статус ќе се знае некаде во ноќта меѓу недела и понеделник.

Голем дел од тенискиот свет застана на страна на Србинот, а најинтересно е тоа што еден од луѓето кои што најмногу го мразат, австралискиот тенисер Ник Кирјос застана на негова страна.

„Чувствувам дека тој многу и помогна на Австралија како земја. За време на големите пожари кои ја зафатија нашата земја тој многу ни помогна. Чувствувам дека многу брзо забораваме. Дали ние како луѓе брзо забораваме или новинарите кои одма скокаат на вакви работи и забораваат колку всушност овој човек нас ни помогна“, изјави Кирјос. 

Се вчитува...