По дефанзивецот Христијан Драгарски, Струга Трим Лум пред стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната се раздели и со фудбалерот од средниот ред Александар Далчески.
Стружани вчера, под водство на шефот на стручниот штаб Јетон Беќири, ги стартуваа зимските подготовки. Далчески, како и Драгарски, спогодбено го раскина договорот со Струга Трим Лум. Како што најавуваат од клубот наредниот период планираат три засилувања на тимот.
Првата фаза од подготовките ќе биде одработена во Струга. Веќе се договорени два пријателски натпревари, со албанскиот прволигаш Влазнија на 14. јануари и со Кораби од Албанија на 18. јануари.
Од 21. јануари до 2. февруари ќе бидат реализирани подготовките во Анталија, каде е предвидено одигрување четири пријателски натпревари. Веќе е закажан тест дуел со полската Арка на 28. јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА