И Давор Талески потпиша за Лариса… (ФОТО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Давор Талески му се приклучи на Никола Јакимовски потпишувајќи договор со грчкиот прволигаш АЕЛ Лариса.

По раскинувањето на соработката со финска Хонка, 23-годишниот Талески се одлучи на договор со Лариса каде ќе настапува следнава година. Претходно во својата кариера има настапи и за домашните 11 Октомври, Металург, Победа и Брегалница.

Како што е познато, минатата недела договор со Лариса потпиша и офанзивецот Никола Јакимовски.

Се вчитува...