И Де Бруин изнесен на носилки, новогодишни маки за „граѓаните“

Манчестер сити ќе ја заокружи 2017 година на врвот во Премиер – лигата, но менаџерот Пеп Гвардиола ќе има големи новогодишни маки. На денешниот последен меч во 2017 година, тој поради повреди загуби двајца важни првотимци.

Во првото полувреме се повреди Габриел Хесус, а пред самиот крај на дуелот и Кевин Де Бруин беше изнесен на носилки од теренот. Лекарскиот тим на „граѓаните“ ќе има многу работа во наредните неколку дена, а колку ќе паузираат двајцата фудбалери ќе се знае по деталните прегледи.

Се вчитува...