Вечното дерби на македонската кошарка меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе се одигра без публика. КФСМ одлучи да ја прифати препораката на Владата на Република Македонија до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020 година да се играат без присуство на публика.
„По добиената препорака од Владата на Република Македонија до сите спортски институции, натпреварите во периодот до 6. март 2020 година да се играат без присуство на публика, Кошаркарската федерација на Северна Македонија официјално потврдува дека сите натпревари кои се во организација на федерацијата ќе се одиграат без присуство на публика“, стои во соопштението на КФСМ.
Покрај вечното дерби и натпреварите меѓу Кожув – Пелистер, Еуроникел – Гостивар, МЗТ 2 – Куманово и Вардар – ФМП Академија, а на програмава се претстојниов викенд исто така ќе се одиграат без публика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА