И Драгана Цвијиќ дел од Првиот женски ракометен форум во Македонија!

Ракометната федерација на Македонија низ интенцијата за што поголема промоција на жените во спртот, активираше извонреден проект кој ќе биде реализиран за време на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ во Охрид.

Македонија, во организација на РФМ, ќе го имаа првиот Женски ракометен форум.

Меѓу имињата кои ќе бидат дел од форумот, а кои оставиле и оставаат силна трага во европската ракометна игра, ќе биде и една од најдобрите пикерки на својата генерација, сега и со нова улога покрај теренот, Драгана Цвијиќ.

Двократна освојувачка на Лигата на шампионите со Будуќност, во 2012 и 2015 година, и светска вицешампионка со Србија во 2013 година, Цвијиќ речиси две децении беше дел од самиот врв на европскиот женски ракомет. На Светското првенство во 2013 година беше избрана и за најдобар пикер на турнирот.

Посебна врска има и со македонската публика. Во сезоната 2017/18 го носеше дресот на Вардар и со скопскиот клуб стигна до финалето на Лигата на шампионите.

По завршувањето на богатата играчка кариера во 2026 година, Цвијиќ остана во ракометот. Денес е помошен тренер на женската сениорска репрезентација на Србија, каде своето огромно искуство од теренот го пренесува на новите генерации.

Како што е познат, панелистки на Женскиот ракометен форум во Охрид ќе бидат и нашата најдобра ракометарка во историјата, Индира Кастратовиќ, како и Андреа Лекиќ, Лидија Хорват и Сузана Лазовиќ.

Женски ракометен форум – Охрид 2026
Датум: 26.09.2026
Локација: Спортска сала „Билјанини Извори“
Време: 11:00 – 13:30
Панелистки: Индира Кастратовиќ, Андреа Лекиќ, Лидија Хорват, Сузана Лазовиќ и Драгана Цвијиќ
Модератор: Jана Серафимова
Организатор: Ракометна Федерација на Македонија

Се вчитува...