И Дрвошанов и Ахмедов нови имиња во Беласица

Струмичка Беласица низ подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига денеска потпиша договор со уште двајца млади фудбалери.

Станува збор за 17-годишниот Јован Дрвошанов кој доаѓа од ФК Брера и игра на позицијата стопер, како и 18-годишниот Мохамед Ахмедов кој игра на крилните позиции.

„Беласица не застанува овде. Во наредниот период очекуваме уште неколку таленти од Струмица и струмичко, како и ширум државата да стават потпис со нашиот клуб“ – информираат од Беласица.

Се вчитува...