И Енди Мареј со поддршка за Ѓоковиќ: Шокиран сум од ситуацијата, се надевам дека Ноле е добро

Британскиот тенисер Енди Мареј е последниот во низата кој дава голема поддршка за Новак Ѓоковиќ велејќи дека е шокиран од целата ситуација во која се наоѓа најдобриот тенисер на светот.

Британецот кој своевремено беше еден од најдобрите пријатели на Ѓоковиќ на „АТП турнејата“ вели дека се надева дека Ноле е добро бидејќи ова што му се случува не е воопшто добро.

„Да бидам искрен мислам дека сите се шокирани од ситуацијава. Ќе кажам две работи околу целата ситуација. Прво се надевам дека Новак е добро. Добро го познавам и отсекогаш сме имале неверојатно добар однос, па затоа се надевам дека е добро. Втора работа мислам дека сево ова не е добро за тенисот во цели и било кој е вклучен во него. Навистина е лоша целава работа“, изјави Мареј. 

Се вчитува...