И Голден Стејт падна пред Феникс, конечно моќен Лејкерс (ВИДЕО)

Феникс Санс стигна до 17 победа во низа откако во дербито на вечерта славеше против Голден Стејт Вориорс со 104-96.

Најзаслужен за триумфот на „сонцата“ беше Диандре Ејтон кој натпреварот го заврши со 24 поени и 11 скока. Кај поразените недоволни беа 28 поени на Џордан Пул.

Лос Анџелес Лејкерс конечно одигра еден натпревар на ниво совладувајќи го Сакраменто Кингс со 92-117. Ентони Дејвис со 25 поени и Расел Вестбрук со 23 беа најаефикасни кај „езерџиите“, додека кај Кингс Ришон Холмс заврши со 27 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Бруклин – Њујорк 112-110, Торонто – Мемфис 91-98 и Портланд – Детроит 110-92.

Се вчитува...