И Гостивар е за Антиќ: Сите пак да се гордееме со кошарката

По шампионот Работнички, попладнево и екипата на Гостивар јавно му искажа поддршка на Перо Антиќ во пресрет на утрешното Собрание на МКФ на кое ќе се избира претседател на куќата на кошарката.

„Кошаркарскиот клуб Гостивар пред утрешниот избор на прв човек на МКФ, со сите свои структури бескомпромисно ја поддржува кандидатурата на Перо Антиќ и неговиот тим. Време е кошарката да се врати на ниво со кое ќе се гордееме сите, а спортот да стане реална опција во животот на младите генерации“ – се вели во соопшението на КК Гостивар.

Перо Антиќ до неодамна беше претседател на Гостивар, а по повлекувањето на оваа функција беше избран за почесен претседател на амбициозниот прволигаш.

 

Се вчитува...