И Ѓуриќ и Мишковски заминуваат од Ренова

Не запираат заминувањата од редовите на Ренова на крајот од сезоната… По Рамадани, Усеини, Велија, Кобетиќ и веќе најавениот трансфер на Влатко Стојановски, од клубот си заминуваат и голманот Урош Ѓуриќ како и дефанзивецот Ненад Мишковски.

Ѓуриќ, кој во Ренова пристигна од Динамо Врање, и дефинитивно заминува од клубот а интерес од неколку домашни клубови постои и за стоперот Мишковски.

Фудбалерот од средниот ред Мухамед Усеини, пак, денеска и официјално е промовиран во дресот на косовскиот прволигаш ФК Гњилане, а Емран Рамадани кариерата ја продолжува во новиот прволигаш Струга Трим Лум.

„Гипсарите“ се во потрага и по нов тренер по заминувањето на Никола Илиевски – Џиџи.

Се вчитува...