И Кадиз ја запре Барселона…, неверојатно промашување на Депај (ВИДЕО)

Барселона не успеа да слави на гостувањето против Кадиз ремизирајќи без голови во петтиот свој натпревар во Ла Лига.

Каталонците беа подобар противник на теренот но не искористија неколку убави можности за погодок, меѓу кои едно неверојатно од непосредна близина имаше Мемфис Депај во 51. минута од средбата.

Можноста за три бода на Барселона беше намалена и по исклучувањето на Де Јонг во 65. минута. Де Јонг во само четири минути, во 61. и во 65. минута доби два жолти картони за исклучување.

Се вчитува...