И капитените на Барселона се свртеа против Куман: Не го ни облекувам овој дрес ако не целам на титула

Барселона повторно потфрли во Ла Лига откако на натпреварот од петото коло против Кадиз мораше да се задоволи само со еден освоен бод (0-0). Сега каталонците заостануваат седум бода зад водчениот Реал Мадрид, со натпревар помалку, но формата во која се наоѓа гигантот на почетокот на сезоната воопшто не ветува.

Поради тоа пред заминување од „Камп Ноу“ е Роналд Куман кој во тимот дојде како „спасител“, но играчката легенда откако ја изгуби довербата на јавноста, сега полека ја губи довербата и на самите играчи.

Имено, по изјавата на Куман дека овој тим на Барса не може да се бори за шампионска титула се огласија и капитенот на тимот Жерар Пике и Серхио Роберто кои се спротивставија на ваквото тврдење на холандскиот стратег.

„Не го ни облекувам овој дрес за да го освојам второто или третото место, туку да победувам и да се борам за сите трофеи. Овој тим има се што треба за тоа и горд сум на тоа. Поминуваме низ нешто на што не сме навикнати, но верувам дека ќе продолжиме да победуваме. Нема дилема“, изјави Пике.

„Во овој клуб морате да ја освоите титулата. Мене ништо не ми значи да бидам помеѓу првите четири тима на табелата. Ова е Барса и мораме да дадеме се од себе. Се наоѓаме во лоша низа, но верувам дека можеме подобро“, додаде Роберто.

Се вчитува...