Македонската одбојкарска репрезентација сосема очекувано славеше со 3-1 против Кипар во последниот натпревар од вториот турнир од Европската сребрена лига кој се одржуваше во Данска.
Избраниците на Никола Матијашевиќ ги добија Кипраните со 25-22, 25-18, 18-25 и 25-22, убедливо за петтата победа во групата.
Сега „Спартанците“ со полна самодоверба се враќаат во Струмица, каде следниот викенд ќе се борат за трофејот во ова европско репрезентативно натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА